БЕ-ДА Логистик дооел е една од лидерските компании на Балканот, кога е во прашање транспортот на стоки. Основана е на почетокот на 2011 година како компанија специјализирана за организирање на меѓународен транспорт и логистика на стоки во патниот, железничкиот, воздушниот и морскиот сообраќај.

Нашата работа е базирана на професионализам, квалитет, одговорност, одлична и навремена услуга. Доказ за сето ова е сè поголемиот број на деловни партнери кои почнуваат и остануваат да соработуваат со нас. Поради тоа, бележиме континуиран и брз раст и развој.

Логистиката се карактеризира со постојани и брзи промени, па поради тоа, од примарна важност е Вашиот агент да биде флексибилен и финансиски ефективен, а истовремено да оддржува високи стандарди на услугите. Нашите вработените се професионалци во извршување на своите задачи и добро координирани со цел вашите потреби да бидат во целост задоволени. Лојалноста и дискретноста се едни од главните наши карактеристики.

Ви нудиме загарантирано квалитетни решенија за секоја потреба за транспорт, логистика и складирање на вашата роба низ цела Европа, за непречено функционирање на вашиот бизнис.

Работиме на релација од Балканот кон цела Европа и обратно и со нашата широка мрежа на соработници можеме да Ви овозможиме комплетни транспортни и логистички решенија.

Доколку ни ја дадете вашата доверба, ние ќе Ви овозможиме да се чувствувате сигурно користејќи ги нашите услуги.

ЗОШТО БЕ-ДА ЛОГИСТИК?

-24/7 корисничка поддршка за исполнување на сите ваши барања.
-Флексибилни рокови за плаќање, креирани за секој бизнис.
-Целосна услуга за транспорт, царина и потребна документација.
-Следете го вашиот утовар. Добивајте навремени известувања за локацијата на товарот.