УСЛУГИ КОИ ГИ НУДИМЕ

Копнен превоз


Ние сме специјализирани за организација на сите видови копнен транпорт. Имаме решение за сите ваши пратки, организираме транспорт на опасни материи според АДР конвенција, вршиме превоз на товари со вонгабаритни димензии и со големи тежини, збирни и цели пратки
Експерти сме во превоз на стоки под температурен режим со камиони-ладилници, вашата свежа стока секогаш ќе биде доставена во најкус можен рок во одлична состојба.

Авионски превоз


Кога времето не е на ваша страна ние можеме да Ви организираме авионски превоз низ целиот свет за секов вид на пратка во експресно време на испорака. Имаме наши партнери на сите поголеми аеродроми.

Поморски превоз


Организираме превоз на стока со контејнери (FCL –Full Container Load) и збирни контејнери (LCL- Less than a Container Load) на сите видови товар, едноставно испратете го вашето барање и ние ќе одговориме на вашите потреби со најдобра понуда

Склад


Ние Ви нудиме царинско складирање на секаков вид на стока, без разлика дали се работи за збирна или цела пратка. Истотака можеме да складираме и стока која побарува посебен температурен режим.

Царинско посредување


Организираме навремено,брзо и квалитетно царинско посредување при увоз, извоз и транзит на стока. Поседуваме банкарски гаранции кои овозможуваат одложено плаќање на царина и ДДВ,гаранција за транзит на стоки и гаранција за привремен увоз.
Имаме партнерски испостави на сите гранични премини на територијата на цела Европа и во поголемите градови

Преселба и door to door услуга


Нудиме професионална услуга за секаков вид преселба без разлика дали се работи за вашите домови или за вашите канцеларии. Побарајте ја нашата услуга при организирање за пакување на вашите работи, демонтажа, транспорт и повторна монтажа на новата локација. Располагаме со возила со најразлична големина кои се погодни за пренос на секаков мебел.
Истотака кај нас ,можете да добиете door to door услуга за секоја пратка која Ви е потребна да се пренесе од одредено место до вашите домови и обратно.

КОПНЕН ПРЕВОЗ

АВИОНСКИ ПРЕВОЗ

ПОМОРСКИ ПРЕВОЗ

СКЛАД

ЦАРИНСКО ПОСРЕДУВАЊЕ

ПРЕСЕЛБА И DOOR TO DOOR УСЛУГА

ЗА НАС

БЕ-ДА Логистик дооел е една од лидерските компании на Балканот, кога е во прашање транспортот на стоки. Основана е на почетокот на 2011 година како компанија специјализирана за организирање на меѓународен транспорт и логистика на стоки во патниот, железничкиот, воздушниот и морскиот сообраќај.

Нашата работа е базирана на професионализам, квалитет, одговорност, одлична и навремена услуга. Доказ за сето ова е сè поголемиот број на деловни партнери кои почнуваат и остануваат да соработуваат со нас. Поради тоа, бележиме континуиран и брз раст и развој.

Логистиката се карактеризира со постојани и брзи промени, па поради тоа, од примарна важност е Вашиот агент да биде флексибилен и финансиски ефективен, а истовремено да оддржува високи стандарди на услугите. Нашите вработените се професионалци во извршување на своите задачи и добро координирани со цел вашите потреби да бидат во целост задоволени. Лојалноста и дискретноста се едни од главните наши карактеристики.

Ви нудиме загарантирано квалитетни решенија за секоја потреба за транспорт, логистика и складирање на вашата роба низ цела Европа, за непречено функционирање на вашиот бизнис.

Работиме на релација од Балканот кон цела Европа и обратно и со нашата широка мрежа на соработници можеме да Ви овозможиме комплетни транспортни и логистички решенија.

Доколку ни ја дадете вашата доверба, ние ќе Ви овозможиме да се чувствувате сигурно користејќи ги нашите услуги.

Проверете и уверете се!

ЗОШТО БЕ-ДА ЛОГИСТИК?

24/7 корисничка поддршка за исполнување на сите ваши барања.

Флексибилни рокови за плаќање, креирани за секој бизнис.

Целосна услуга за транспорт, царина и потребна документација.

Следете го вашиот утовар. Добивајте навремени известувања за локацијата на товарот.

15.000 утовари

ИСПОРАЧАНИ УСПЕШНО!

100
УТОВАРИ НЕДЕЛНО

7
ГОДИНИ НА ПАЗАРОТ

100+
АГЕНТИ И ПАРТНЕРИ

КОНТАКТ